клепне 2
Значење на клепне:
Трепне со очите, намигне. Ќе го сторам тоа без око да ми клепне. Тој клепна неколку пати, па замижа. Таа му клепна и тој почна да ја дотерува гајдата.Коњугација: (ќе) клепнеа , (ќе) клепнев , (ќе) клепнел, клепнаа , клепнав , клепнал , клепнат , клепнат , клепнете , клепни .
Изведени зборови:
- клепнува2, глаг. повт. клепнуваат
- клепнување2, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
клепне2, клепнат; клепни, клепнете; клепнав, клепнаа; клепнал; клепнат; (ќе) клепнев, (ќе) клепнеа; (ќе) клепнел св. Трепне со очите, намигне. Ќе го сторам тоа без око да ми клепне. Тој клепна неколку пати, па замижа. Таа му клепна и тој почна да ја дотерува гајдата. ‖ клепнува2, клепнуваат повт. ‖ глаг. им. клепнување2 ср.