клетка 2

Именка, женски род

Значење на клетка:

1. (биол.) Основна структурна единица на повеќеклеточните живи организми. Мозочна клетка. Репродуктивни клетки. Мускулна клетка.

2. (прен.) Секој дел како градбена единица на нешто. Семејството е основна клетка на општеството. За песната може да се зборува на ниво на основната клетка за нејзината градба – зборот.

3. Во пчеларството – едно окце во сотот. Пчелите го собираат поленот, го носат во кошницата и го редат во клетките од сотот.

Множина: клетки.

Оригинални податоци:

клетка2, мн. клетки ж. 1. (биол.) Основна структурна единица на повеќеклеточните живи организми. Мозочна клетка. Репродуктивни клетки. Мускулна клетка. 2. (прен.) Секој дел како градбена единица на нешто. Семејството е основна клетка на општеството. За песната може да се зборува на ниво на основната клетка за нејзината градба – зборот. 3. Во пчеларството – едно окце во сотот. Пчелите го собираат поленот, го носат во кошницата и го редат во клетките од сотот.