клин

Именка, машки род

Значење на клин:

1. Зашилено и плоснато парче дрво или метал што се користи за цепење дрва или се поставува за подигање товар; такво парче дрво што се поставува во некаков отвор, процеп. Со сета претпазливост ја затвори вратата, ја кладе жапката и еден клин на неа.

2. Клинец. Мајка му го симна ситото од клинот и почна да сее брашно.

3. Парче ткаенина со форма на клин (триаголно) што се зашива на ракави, панталони и сл. за да бидат на тоа место пошироки. Носеше нова сагија врз кошулата со сребрен шев по клиновите.

4. Што е во форма на клин 1, што личи на клин Се засолна зад еден извишен клин од каменот.

5. (само мн.) Народен назив за болки во долниот дел на стомакот кај детето. Децата страдаа од клинови.

Множина: клинови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Клин чорба – чорба од ништо, гола вода.

Оригинални податоци:

клин, мн. клинови м. 1. Зашилено и плоснато парче дрво или метал што се користи за цепење дрва или се поставува за подигање товар; такво парче дрво што се поставува во некаков отвор, процеп. Со сета претпазливост ја затвори вратата, ја кладе жапката и еден клин на неа. 2. Клинец. Мајка му го симна ситото од клинот и почна да сее брашно. 3. Парче ткаенина со форма на клин (триаголно) што се зашива на ракави, панталони и сл. за да бидат на тоа место пошироки. Носеше нова сагија врз кошулата со сребрен шев по клиновите. 4. Што е во форма на клин 1, што личи на клин 1. Се засолна зад еден извишен клин од каменот. 5. (само мн.) Народен назив за болки во долниот дел на стомакот кај детето. Децата страдаа од клинови. ◊ Клин чорба – чорба од ништо, гола вода.