клинец
Значење на клинец:
1. Мало, цилиндрично парче метал, зашилено на врвот од едната страна и со глава на другата, врз која се удира; шајка. Палтото го беше обесил на клинецот зад вратата.
2. Метална четириаголна шајка за потковување коњи, магариња и други домашни животни. Потребни се клинци и плочи за да се потковаат коњите.
3. (жарг.) Дете. Не се дружам со клинци.
Множина: клинци.
Изведени зборови:
- клинче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тресе клинци – му студи, се тресе од студ.
Оригинални податоци:
клинец, мн. клинци м. 1. Мало, цилиндрично парче метал, зашилено на врвот од едната страна и со глава на другата, врз која се удира; шајка. Палтото го беше обесил на клинецот зад вратата. 2. Метална четириаголна шајка за потковување коњи, магариња и други домашни животни. Потребни се клинци и плочи за да се потковаат коњите. 3. (жарг.) Дете. Не се дружам со клинци. ◊ Тресе клинци – му студи, се тресе од студ. ‖ клинче, мн. клинчиња ср. дем.