клиринг

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на клиринг:

1. Израмнување на меѓусебни долгови и побарувања преку посебни установи без плаќање во готово.

2. Ликвидирање на обврски и побарувања во меѓународната трговија без употреба на валути (односно на злато), со компензација.

Изведени зборови:

  • клириншки, прид. клириншкиот Клириншка спогодба.

Оригинални податоци:

клиринг (само едн.) м. 1. Израмнување на меѓусебни долгови и побарувања преку посебни установи без плаќање во готово. 2. Ликвидирање на обврски и побарувања во меѓународната трговија без употреба на валути (односно на злато), со компензација. ‖ клириншки, клириншкиот прид. Клириншка спогодба.