клон

Именка, машки род

Значење на клон:

1. Гранка, дел од голема културна, стопанска или друга установа; филијала. Македонското читалиште во Солун подоцна требаше да прерасне во централно друштво со клонови во поважните места во Македонија. Треба да се отвори нова банка со клонови во поголемите градови.

2. Население што претставува дел од голема заедница. Населението било разделено на четири поголеми групи или клонови.

3. (биол.) Ред директни потомци на наследно еднородни организми (или на одвоени клетки во култури) што настанале како резултат на бесполово или вегетативно размножување од еден заеднички предок.

Множина: клонови.

Оригинални податоци:

клон, мн. клонови м. 1. Гранка, дел од голема културна, стопанска или друга установа; филијала. Македонското читалиште во Солун подоцна требаше да прерасне во централно друштво со клонови во поважните места во Македонија. Треба да се отвори нова банка со клонови во поголемите градови. 2. Население што претставува дел од голема заедница. Населението било разделено на четири поголеми групи или клонови. 3. (биол.) Ред директни потомци на наследно еднородни организми (или на одвоени клетки во култури) што настанале како резултат на бесполово или вегетативно размножување од еден заеднички предок.