клопче
Значење на клопче:
1. Конец, предено и сл. намотано во топчеста форма. Клопче преѓа. Клопче волна. Мало клопче конец за везење.
2. (прен.) Што е со форма на клопче, што личи на клопче. Сончевите зраци се просејуваа низ клопчињата чад. Беа стиснати во клопче крај огнот. Густи клопчиња дим фатија да излегуваат од прозорците.
Множина: клопчиња.
Изведени зборови:
- клопченце, и. ср. дем..
Фразеолошки израз / поговорка:
Одмота, одмотува (размота, размотува) клопче – разјасни некои факти, настани; сфати, разбере.
Оригинални податоци:
клопче, мн. клопчиња ср. 1. Конец, предено и сл. намотано во топчеста форма. Клопче преѓа. Клопче волна. Мало клопче конец за везење. 2. (прен.) Што е со форма на клопче, што личи на клопче. Сончевите зраци се просејуваа низ клопчињата чад. Беа стиснати во клопче крај огнот. Густи клопчиња дим фатија да излегуваат од прозорците. ◊ Одмота, одмотува (размота, размотува) клопче – разјасни некои факти, настани; сфати, разбере. ‖ клопченце, мн. клопченца ср. дем..