клопотарец

Именка, машки род

Значење на клопотарец:

Вид ѕвонец од лим со карактеристичен звук што му се врзува на добитокот околу вратот. Угичот на вратот носел голем клопотарец.

Множина: клопотарци.

Изведени зборови:

  • клопотарче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

клопотарец, мн. клопотарци м. Вид ѕвонец од лим со карактеристичен звук што му се врзува на добитокот околу вратот. Угичот на вратот носел голем клопотарец. ‖ клопотарче, мн. клопотарчиња ср. дем.