клопоти

Глагол, несвршен

Значење на клопоти:

1. Произведува, испушта клопот, удира; клопа Возот клопотеше по шините.

2. Испушта остри звуци (за некои птици). Не писка галеб, не клопоти долгоклунест штрк.

3. клокоти Тече поток покрај патот, клопоти водата во коритото. Низ падината клопотеше поточе.

Коњугација: клопотат.

Изведени зборови:

  • клопотење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

клопоти, клопотат несв. 1. Произведува, испушта клопот, удира; сп. клопа 1. Возот клопотеше по шините. 2. Испушта остри звуци (за некои птици). Не писка галеб, не клопоти долгоклунест штрк. 3. в. клокоти 1. Тече поток покрај патот, клопоти водата во коритото. Низ падината клопотеше поточе. ‖ глаг. им. клопотење ср.