клуч
Значење на клуч:
1. Метално орудие за заклучување и отклучување брави. Тој има клуч и никогаш не ѕвони. Таа слезе во дворот со врзоп клучеви. Со малиот клуч ја отвори дрвената кутија.
2. Назив за разновидни орудија со кои се отвораат и затвораат, се оптегнуваат, се навиваат и сл. различни предмети, механизми и сл. а) Алат за затегнување или одвртување на делови од некој предмет. Француски клуч. Со клучот ги одврти шрафовите на тркалото. б) Направа за навивање часовник. Го зеде клучот и го нави ѕидниот часовник. в) Орудие за оптегнување на струните на музички инструмент.
3. (прен.) а) Систем на утврдени знаци за означување букви, бројки и сл. со помош на кои се читаат, одгатнуваат шифрирани текстови, шифри. б) Утврден броен однос според кој меѓу членовите на некоја заедница се одредува учеството во нешто; пропорција. Изборите ќе се извршат по следниот клуч: еден одборник на илјада избирачи.
4. (прен.) Средство, начин за решавање на некој проблем, за постигнување на некоја цел; решавачки фактор. Во тоа е клучот на целата тајна. Тој ме праша во што е клучот на мојот успех.
5. (дијал., анат.) Глужд, коскен зглоб. Некаков далечен умор му се завлече во клучовите над стапалата.
6. (прен.) За течност – вриење, зовривање. Кога ќе фрли клуч, извади го од огнот. Силен клуч.
7. Музички знак на почетокот од нотниот систем што го определува тоналитетот; виолински клуч.
Множина: клучеви.
Алтернативно: клучови
Изведени зборови:
- клуче, и. ср. мн. клучиња ; клученце, мн. клученца дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Држи под клуч – чува нешто заклучено, ограничува пристап до нешто.
Оригинални податоци:
клуч, мн. клучеви и клучови м. 1. Метално орудие за заклучување и отклучување брави. Тој има клуч и никогаш не ѕвони. Таа слезе во дворот со врзоп клучеви. Со малиот клуч ја отвори дрвената кутија. 2. Назив за разновидни орудија со кои се отвораат и затвораат, се оптегнуваат, се навиваат и сл. различни предмети, механизми и сл. а) Алат за затегнување или одвртување на делови од некој предмет. Француски клуч. Со клучот ги одврти шрафовите на тркалото. б) Направа за навивање часовник. Го зеде клучот и го нави ѕидниот часовник. в) Орудие за оптегнување на струните на музички инструмент. 3. (прен.) а) Систем на утврдени знаци за означување букви, бројки и сл. со помош на кои се читаат, одгатнуваат шифрирани текстови, шифри. б) Утврден броен однос според кој меѓу членовите на некоја заедница се одредува учеството во нешто; пропорција. Изборите ќе се извршат по следниот клуч: еден одборник на илјада избирачи. 4. (прен.) Средство, начин за решавање на некој проблем, за постигнување на некоја цел; решавачки фактор. Во тоа е клучот на целата тајна. Тој ме праша во што е клучот на мојот успех. 5. (дијал., анат.) Глужд, коскен зглоб. Некаков далечен умор му се завлече во клучовите над стапалата. 6. (прен.) За течност – вриење, зовривање. Кога ќе фрли клуч, извади го од огнот. Силен клуч. 7. Музички знак на почетокот од нотниот систем што го определува тоналитетот; виолински клуч. ◊ Држи под клуч – чува нешто заклучено, ограничува пристап до нешто. ‖ клуче, мн. клучиња ср.; клученце, мн. клученца ср. дем.