клучалка

Именка, женски род

Значење на клучалка:

1. Отвор за клуч во брава. Се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката. Го стави увото на клучалката и – ништо не чу.

2. Брава; направа за заклучување. Тој чу како штракна клучот во клучалката. Се фати со раката за бакарната рачка од клучалката.

Множина: клучалки.

Оригинални податоци:

клучалка, мн. клучалки ж. 1. Отвор за клуч во брава. Се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката. Го стави увото на клучалката и – ништо не чу. 2. Брава; направа за заклучување. Тој чу како штракна клучот во клучалката. Се фати со раката за бакарната рачка од клучалката.