клука

Глагол, несвршен

Значење на клука:

1. Колве. На нивата врапците клукаа зрна. Косовите наесен ги клукаа гроздовите.

2. Удира со клунот. На дрвото клукаше клукајдрвец.

3. Чука, тропа. Лете дома си седи, си клука со теслата, си прави по некое каче. Некој клука на портата.

4. За рана – боде, пече. Раната силно го болеше и клукаше.

5. (разг.) а) Постојано тера некого на сила да јаде, да пие нешто. Секој ден го клука со витамини. б) (прен.) Постојано нешто зборува, кажува. Секој ден ја клукаа со нови лаги и измислици.

Коњугација: клукаат.

Изведени зборови:

  • клукање, глаг. им. ср.
  • се ~ клука, Кон зн. 5. а). Само се клука со лекови.

Оригинални податоци:

клука, клукаат несв. 1. Колве. На нивата врапците клукаа зрна. Косовите наесен ги клукаа гроздовите. 2. Удира со клунот. На дрвото клукаше клукајдрвец. 3. Чука, тропа. Лете дома си седи, си клука со теслата, си прави по некое каче. Некој клука на портата. 4. За рана – боде, пече. Раната силно го болеше и клукаше. 5. (разг.) а) Постојано тера некого на сила да јаде, да пие нешто. Секој ден го клука со витамини. б) (прен.) Постојано нешто зборува, кажува. Секој ден ја клукаа со нови лаги и измислици. ● се ~ Кон зн. 5. а). Само се клука со лекови. ‖ глаг. им. клукање ср.