клун
Значење на клун:
1. Остар и издолжен рожен дел на устата кај птиците, орган за фаќање храна, за колвање. Орлов клун. Пајките ги пикнаа клуновите во водата.
2. (прен.) Тоа што по својата форма личи на птичји клун. Водата плиска кај ниските клунови на чуновите. Ги набра очите некаде под клуновите на веѓите. Клуновите на авионите го параа небото.
3. (жарг.) Уста. Цел ден не сум јаден, морам да ставам нешто во клунот.
Множина: клунови.
Изведени зборови:
- клунче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
клун, мн. клунови м. 1. Остар и издолжен рожен дел на устата кај птиците, орган за фаќање храна, за колвање. Орлов клун. Пајките ги пикнаа клуновите во водата. 2. (прен.) Тоа што по својата форма личи на птичји клун. Водата плиска кај ниските клунови на чуновите. Ги набра очите некаде под клуновите на веѓите. Клуновите на авионите го параа небото. 3. (жарг.) Уста. Цел ден не сум јаден, морам да ставам нешто во клунот. ‖ клунче, мн. клунчиња ср. дем.