клупа

Именка, женски род

Значење на клупа:

1. Дрвен или метален предмет за седење, за повеќе лица, со или без потпирач. По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата. До него на клупата седна еден старец.

2. Предмет за седење, обично за двајца, со потпирач и со преден дел што служи како маса за пишување. Училишна клупа. Школска клупа.

Множина: клупи.

Изведени зборови:

  • клупичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Магарешка клупа – изделена клупа во училница во која за казна седат немирни ученици. Седне на обвинителна клупа – е обвинет. Од ученичка (школска, гимназиска, студентска) клупа – од време на школувањето.

Оригинални податоци:

клупа, мн. клупи ж. 1. Дрвен или метален предмет за седење, за повеќе лица, со или без потпирач. По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата. До него на клупата седна еден старец. 2. Предмет за седење, обично за двајца, со потпирач и со преден дел што служи како маса за пишување. Училишна клупа. Школска клупа. ◊ Магарешка клупа – изделена клупа во училница во која за казна седат немирни ученици. Седне на обвинителна клупа – е обвинет. Од ученичка (школска, гимназиска, студентска) клупа – од време на школувањето. ‖ клупичка, мн. клупички ж. дем.