книга

Именка, женски род

Значење на книга:

1. а) Научно или литературно дело, што се состои од повеќе листови со печатен текст, соединети и подврзани во целина. Купи неколку книги во книжарницата. До долго во ноќта ја читав книгата. б) Том, свеска. Книга прва. в) Назив за одделни делови од Светото писмо што претставуваат посебна целина. Прва книга Мојсиева, глава 19. Книга на пророкот Еремија.

2. Специјална голема тетратка, со отпечатени обрасци во која се бележат, внесуваат некакви податоци. Катастарска книга. Матична книга. Книга за жалби. Приемна книга. Даночна книга.

3. (арх.) Писмо. Долго време чекам книга од него.

4. (арх.) Учење, писменост, знаење. Тој учел книга во Цариград. Многу сака да учи книга.

5. (разг.) Хартија. Донеси молив и една книга, јас ќе ти нацртам. Цигарска книга. Почна да вади пакетчиња со книга завиткани.

6. (разг.) Учебник. Ги стави книгите в ташна и тргна в училиште.

Множина: книги.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бела книга – официјално издаден документ на владата на некоја држава во која ги изнесува своите ставови за некое важно прашање. Црна книга – книга со имиња на непожелни, сомнителни лица. Џебна книга – книга со мал формат.

Оригинални податоци:

книга, мн. книги ж. 1. а) Научно или литературно дело, што се состои од повеќе листови со печатен текст, соединети и подврзани во целина. Купи неколку книги во книжарницата. До долго во ноќта ја читав книгата. б) Том, свеска. Книга прва. в) Назив за одделни делови од Светото писмо што претставуваат посебна целина. Прва книга Мојсиева, глава 19. Книга на пророкот Еремија. 2. Специјална голема тетратка, со отпечатени обрасци во која се бележат, внесуваат некакви податоци. Катастарска книга. Матична книга. Книга за жалби. Приемна книга. Даночна книга. 3. (арх.) Писмо. Долго време чекам книга од него. 4. (арх.) Учење, писменост, знаење. Тој учел книга во Цариград. Многу сака да учи книга. 5. (разг.) Хартија. Донеси молив и една книга, јас ќе ти нацртам. Цигарска книга. Почна да вади пакетчиња со книга завиткани. 6. (разг.) Учебник. Ги стави книгите в ташна и тргна в училиште. ◊ Бела книга – официјално издаден документ на владата на некоја држава во која ги изнесува своите ставови за некое важно прашање. Црна книга – книга со имиња на непожелни, сомнителни лица. Џебна книга – книга со мал формат.