книшка

Именка, женски род

Значење на книшка:

1. Дем. од книга Секој ден ја читала книшката пред легнување.

2. Службен документ во вид на мала книга со печатен текст и простор во кој се внесуваат определени податоци. Ученичка книшка. Штедна книшка. Здравствена книшка. Партиска книшка.

Множина: книшки.

Оригинални податоци:

книшка, мн. книшки ж. 1. Дем. од книга 1. Секој ден ја читала книшката пред легнување. 2. Службен документ во вид на мала книга со печатен текст и простор во кој се внесуваат определени податоци. Ученичка книшка. Штедна книшка. Здравствена книшка. Партиска книшка.