книжевен

Придавка

Значење на книжевен:

1. Што се однесува на книжевност, книжнина; литературен. Книжевно наследство. Книжевна историја. Книжевни стилови.

2. литературен.

3. Што се занимава со книжевност. Книжевен работник.

4. (арх.) Што се однесува на писменост. Книжевни споменици. Кратовски книжевен центар.

5. (арх.) Што е образован, учен. Во нашето село имаше неколку книжевни луѓе.

Членувана форма: книжевниот.

Оригинални податоци:

книжевен, книжевниот прид. 1. Што се однесува на книжевност, книжнина; литературен. Книжевно наследство. Книжевна историја. Книжевни стилови. 2. в. литературен. 3. Што се занимава со книжевност. Книжевен работник. 4. (арх.) Што се однесува на писменост. Книжевни споменици. Кратовски книжевен центар. 5. (арх.) Што е образован, учен. Во нашето село имаше неколку книжевни луѓе.