коцка

Именка, женски род

Значење на коцка:

1. (мат.) Правилно геометриско тело со шест еднакви квадратни површини.

2. Предмет со таква форма. Коцка шеќер. Коцка мраз. Коцки на тротоарот.

3. Таков предмет на кој секоја од страните му е обележана со точки или со број од еден до шест и кој се користи во хазардни игри. Коцки од домино.

4. Игра на среќа за добивка во пари; хазардна игра. Ја изгуби куќата на коцка.

5. Ждреб. Со коцка го избраа.

6. (разг.) Квадрат. Тетратка со коцки.

Множина: коцки.

Изведени зборови:

  • коцкичка, и. ж. ; коцкиче (само едн.) дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го става животот на коцка ‒ се изложува на опасност. Коцката е фрлена – решението е донесено.

Оригинални податоци:

коцка, мн. коцки ж. 1. (мат.) Правилно геометриско тело со шест еднакви квадратни површини. 2. Предмет со таква форма. Коцка шеќер. Коцка мраз. Коцки на тротоарот. 3. Таков предмет на кој секоја од страните му е обележана со точки или со број од еден до шест и кој се користи во хазардни игри. Коцки од домино. 4. Игра на среќа за добивка во пари; хазардна игра. Ја изгуби куќата на коцка. 5. Ждреб. Со коцка го избраа. 6. (разг.) Квадрат. Тетратка со коцки. ◊ Го става животот на коцка ‒ се изложува на опасност. Коцката е фрлена – решението е донесено. ‖ коцкичка, мн. коцкички ж.; коцкиче (само едн.) дем.