кодош
Разговорен збор, израз.
Значење на кодош:
1. Клеветник, поткажувач. Кодошите го наклеветиле пред старешината.
2. (дијал.) Посредник при женидба или мажачка, стројник. Ерген и мома се лажат само преку кодош.
Множина: кодоши.
Изведени зборови:
- кодошка, и. ж.
- кодошки, прид. кодошкиот
Оригинални податоци:
кодош, мн. кодоши м. (разг.) 1. Клеветник, поткажувач. Кодошите го наклеветиле пред старешината. 2. (дијал.) Посредник при женидба или мажачка, стројник. Ерген и мома се лажат само преку кодош. ‖ кодошка, мн. кодошки ж. ‖ кодошки, кодошкиот прид.