кофа

Именка, женски род

Значење на кофа:

Метален или пластичен сад, обично без капак, со полукружна рачка, што служи за пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар и др. Околу бунарот немаше никаква кофа.

Множина: кофи.

Изведени зборови:

  • кофиче, и. ж. мн. кофичиња ср.; кофичка, мн. кофички 1. Дем. и хип. 2. Детска играчка во вид на кофа.

Оригинални податоци:

кофа, мн. кофи ж. Метален или пластичен сад, обично без капак, со полукружна рачка, што служи за пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар и др. Околу бунарот немаше никаква кофа. ‖ кофиче, мн. кофичиња ср.; кофичка, мн. кофички ж. 1. Дем. и хип. 2. Детска играчка во вид на кофа.