кога

Прилог

Значење на кога:

1. а) Како прашален збор за време: во кое време, во кој период. Кога го виде? Кога ќе одиме на гости кај нив? б) Во невистински прашања пред временски реченици: во кое време, во кој момент. Не знам кога ќе патувам. Не знам кога и каде тоа ќе се случи. в) Во извични реченици, за чудење во искази дека нешто е необично, неочекувано: како. Кога дојде, кога си отиде! Кога толку брзо ја заврши работата!

2. Во состави и изрази при раскажување (обично засилено со еве, таму). Седи тој крај огништето, кога еве ти еден човек. Одат така и кога таму има што да видат.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кога-годе. Кога и да е. Кога било. Кога и да било - сеедно кога. Како кога – еднаш вака, другпат инаку, не секогаш исто. Немам кога – немам време. Уште од кога – многу одамна. Кога тога – сп. когаш.

Оригинални податоци:

кога прил. 1. а) Како прашален збор за време: во кое време, во кој период. Кога го виде? Кога ќе одиме на гости кај нив? б) Во невистински прашања пред временски реченици: во кое време, во кој момент. Не знам кога ќе патувам. Не знам кога и каде тоа ќе се случи. в) Во извични реченици, за чудење во искази дека нешто е необично, неочекувано: како. Кога дојде, кога си отиде! Кога толку брзо ја заврши работата! 2. Во состави и изрази при раскажување (обично засилено со еве, таму). Седи тој крај огништето, кога еве ти еден човек. Одат така и кога таму има што да видат. ◊ Кога-годе. Кога и да е. Кога било. Кога и да било - сеедно кога. Како кога – еднаш вака, другпат инаку, не секогаш исто. Немам кога – немам време. Уште од кога – многу одамна. Кога тога – сп. когаш.