кој
Значење на кој:
Именска заменка за лицеМножина: кои.
Алтернативно: кого кое која кому
Фразеолошки израз / поговорка:
Кој (и да) било – сеедно кој, некој. Кој-годе – сеедно кој, секој. Кој знае! – за изразување сомнеж, чудење за нешто непознато. Кој (го) знае – не се знае, никој не знае. Како кој – изразува нееднаквост, нееднаква примена, важност и сл. на нешто. Кој од кој (подобар) – за искажување на компаратив од придавката што следува.
Оригинални податоци:
кој м., која ж., кое ср., мн. кои; кого (за директен предмет), кому (за индиректен предмет); зам. Именска заменка за лице 1. Прашална: а) Во директно прашање кога прашуваме за непознато лице или за предмет. Кој дојде? Кого барате? Кој ви дал право на тоа? Од кое место си? На која клупа да седнам? б) Во зависни исказни реченици. Посака да праша кое време е. А јас сега ниту знам кој сум ниту знам што сум. Се колебаше кого да избере. Чекаа учителот да им определи кој во кое одделение ќе учи. Треба да видиме кој за што е дојден тука. Скоро имаше заборавено со кого си има работа. в) Во извични и прашално-извични реченици. Кој смее мене да ме затвори! Кој да ги разбере плановите! 2. Во односни реченици. а) На почетокот од односната реченица со која се определува еден збор или поим од предходната реченица. Видов еден човек кој ми се стори познат. Тешки се прашањата на кои треба да одговорам. Си била една царица која имала три сина. Масата при која седеше беше прекриена со зелена чоја. Дворот во кој влегува е доста широк. б) За искажување на посвојност: чиј. На кого е детево? Човек, заслугите на кој не можат да се избројат. 3. Со неопределено значење при набројување: некој.... , еден...., друг...., трет... Потоа луѓето се сјурија надолу, кој на нозе, кој на колена, кој на дланки. Но, еве минат ученици, кој сам, кој двајца или во група. Бевме наседнале околу печката, кој на маса, кој на столови и си разговаравме. ◊ Кој (и да) било – сеедно кој, некој. Кој-годе – сеедно кој, секој. Кој знае! – за изразување сомнеж, чудење за нешто непознато. Кој (го) знае – не се знае, никој не знае. Како кој – изразува нееднаквост, нееднаква примена, важност и сл. на нешто. Кој од кој (подобар) – за искажување на компаратив од придавката што следува.