кокошка

Именка, женски род

Зоологија.

Значење на кокошка:

Најраспространета домашна птица што се одгледува заради јајцата и месото; Gallus domesticus. Кокошките дотрчаа до буништето и ги зарија клуновите. Одеше напати и по камарите кај што си несеа кокошките јајца.

Множина: кокошки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Оди со кокошките да спие. Легнува со кокошките – рано си легнува. Јал од кокошка нога – за човек што не знае да чува тајна. Гладна кокошка просо сонува. (посл.) – кога некој постојано зборува за тоа што го сака, што го посакува.

Оригинални податоци:

кокошка, мн. кокошки ж. (зоол.) Најраспространета домашна птица што се одгледува заради јајцата и месото; Gallus domesticus. Кокошките дотрчаа до буништето и ги зарија клуновите. Одеше напати и по камарите кај што си несеа кокошките јајца. ◊ Оди со кокошките да спие. Легнува со кокошките – рано си легнува. Јал од кокошка нога – за човек што не знае да чува тајна. Гладна кокошка просо сонува. (посл.) – кога некој постојано зборува за тоа што го сака, што го посакува.