коктел

Именка, машки род

Значење на коктел:

1. Мешан пијалак што се добива со мешање на две или повеќе состојки: алкохолни пијалаци, сок, млеко, јајца, шеќер и мраз.

2. Свечен или пријателски прием на кој се стои и слободно се разговара, при што се служат пијалаци и ладни јадења. Коктелот беше приреден во кабинетот на Претседателот. Одам на коктелот по повод промоцијата на новата песна.

3. (прен., разг.) Мешавина од многу нешта. Ништо не се разбира во овој коктел од разни јазици и наречја.

Множина: коктели.

Оригинални податоци:

коктел, мн. коктели м. 1. Мешан пијалак што се добива со мешање на две или повеќе состојки: алкохолни пијалаци, сок, млеко, јајца, шеќер и мраз. 2. Свечен или пријателски прием на кој се стои и слободно се разговара, при што се служат пијалаци и ладни јадења. Коктелот беше приреден во кабинетот на Претседателот. Одам на коктелот по повод промоцијата на новата песна. 3. (прен., разг.) Мешавина од многу нешта. Ништо не се разбира во овој коктел од разни јазици и наречја.