кол

Именка, машки род

Значење на кол:

Дебело право и на едниот крај наострено дрво за забивање во земја. Собирам колје за ограда.

Множина: кола, колје, колови.

Изведени зборови:

  • колче, и. ср. 1. дем. 2. Садилка, дрвена направа со помош на која се сади зеленчук, расад и сл.

Фразеолошки израз / поговорка:

Набие на кол – (истор.) изврши смртна казна на тој начин. Од кол на кол – кога се оди од една во друга лоша работа, најпосле ќе се настрада. Се собрале кој од кол, кој од ортома – се собрале најлошите, најдолните луѓе.

Оригинални податоци:

кол, мн. колови, избр. мн. кола, зб. мн. колје м. Дебело право и на едниот крај наострено дрво за забивање во земја. Собирам колје за ограда. ◊ Набие на кол – (истор.) изврши смртна казна на тој начин. Од кол на кол – кога се оди од една во друга лоша работа, најпосле ќе се настрада. Се собрале кој од кол, кој од ортома – се собрале најлошите, најдолните луѓе. ‖ колче, мн. колчиња ср. 1. дем. 2. Садилка, дрвена направа со помош на која се сади зеленчук, расад и сл.