кола 1
Значење на кола:
1. Дрвено превозно средство на четири тркала, влечено од запрежен добиток. Воловските коли чкрипеа на тесните патишта. Кола со два чифта коњи. Чергарска кола. Запрежна кола.
2. Моторно превозно средство со четири тркала а) (разг.) автомобил. Си купи нова кола. На летување ќе одат со кола. Спортска кола. б) Шинско возило, вагон. Кола за спиење. Кола за ручање. в) Специјално воено возило. Борна кола. Блиндирана кола. г) Возило за специјални намени. Противпожарна кола. Полициска кола. Болничка кола. д) автобус. Од автобуската станица изутрина тргнаа само две коли.
3. Товар колку што собира една кола. Купи една кола сено.
Множина: коли.
Изведени зборови:
- количе, и. ср. 1. дем. и хип. од кола 1. и 2. а). 2. Детска играчка во форма на автомобил.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мала Кола – соѕвездие на северниот небесен свод, друго име за сосвездието Мала Мечка. Голема Кола – соѕвездие на северниот небесен свод, друго име за соѕвездието Голема Мечка. Колата му тргна низбрдо – почна да пропаѓа, не му одат работите најдобро. Му ја подмачка колата – го подмити.
Оригинални податоци:
кола1, мн. коли ж. 1. Дрвено превозно средство на четири тркала, влечено од запрежен добиток. Воловските коли чкрипеа на тесните патишта. Кола со два чифта коњи. Чергарска кола. Запрежна кола. 2. Моторно превозно средство со четири тркала а) (разг.) в. автомобил. Си купи нова кола. На летување ќе одат со кола. Спортска кола. б) Шинско возило, вагон. Кола за спиење. Кола за ручање. в) Специјално воено возило. Борна кола. Блиндирана кола. г) Возило за специјални намени. Противпожарна кола. Полициска кола. Болничка кола. д) в. автобус. Од автобуската станица изутрина тргнаа само две коли. 2. Товар колку што собира една кола. Купи една кола сено. ◊ Мала Кола – соѕвездие на северниот небесен свод, друго име за сосвездието Мала Мечка. Голема Кола – соѕвездие на северниот небесен свод, друго име за соѕвездието Голема Мечка. Колата му тргна низбрдо – почна да пропаѓа, не му одат работите најдобро. Му ја подмачка колата – го подмити. ‖ количе, мн. количиња ср. 1. дем. и хип. од кола 1. и 2. а). 2. Детска играчка во форма на автомобил.