колач 1

Именка, машки род

Значење на колач:

1. а) Слатко печено тесто, направено од меко брашно со млеко, јајца и масло, обично исполнето со фил. Ги пречека гостите со колач и кафе. За појадок имаше колач со бадеми. б) (обично мн.) Слатки испечени од парчиња од такво тесто. Суви колачи. Колачи со крем. Чоколадни колачи. Коледарски колачи.

2. Обреден леб испечен за некои празници од меко брашно во облик на круг, обично со украси од тесто на површината. Попот одеше во обиколки низ селото за крштевање вода, кршење колач и светење масло. Божиќен колач. Велигденски колач. Свадбен колач.

Множина: колачи.

Изведени зборови:

  • колаче, и. ср. мн. колачиња; колаченце, мн. колаченца дем. и хип.

Оригинални податоци:

колач1, мн. колачи м. 1. а) Слатко печено тесто, направено од меко брашно со млеко, јајца и масло, обично исполнето со фил. Ги пречека гостите со колач и кафе. За појадок имаше колач со бадеми. б) (обично мн.) Слатки испечени од парчиња од такво тесто. Суви колачи. Колачи со крем. Чоколадни колачи. Коледарски колачи. 2. Обреден леб испечен за некои празници од меко брашно во облик на круг, обично со украси од тесто на површината. Попот одеше во обиколки низ селото за крштевање вода, кршење колач и светење масло. Божиќен колач. Велигденски колач. Свадбен колач. ‖ колаче, мн. колачиња; колаченце, мн. колаченца ср. дем. и хип.