колак

Именка, машки род

Значење на колак:

1. Колач, погача (обично со неа се кани на свадба). Дојде попот да го сече колакот на славата.

2. а) Обрач во облик на ѓеврек, направен од шајак исполнет со парталчиња, што се става на глава кога се носи нешто. б) Ортома, јаже, црево за полевање и сл. свиткани, собрани во круг. Гледам врз колаците дебели јажиња што ми заприлегаа на змии.

3. Клопче. Ја свиткува рогозината на колак. Колакот змија станува и се виши нагоре.

4. како прид. Колак сабја – крива сабја.

Множина: колаци.

Оригинални податоци:

колак, мн. колаци м. 1. Колач, погача (обично со неа се кани на свадба). Дојде попот да го сече колакот на славата. 2. а) Обрач во облик на ѓеврек, направен од шајак исполнет со парталчиња, што се става на глава кога се носи нешто. б) Ортома, јаже, црево за полевање и сл. свиткани, собрани во круг. Гледам врз колаците дебели јажиња што ми заприлегаа на змии. 3. Клопче. Ја свиткува рогозината на колак. Колакот змија станува и се виши нагоре. 4. како прид. Колак сабја – крива сабја.