колан

Именка, машки род

Значење на колан:

1. Цврста лента, кожена, платнена или од друг материјал, што служи за стегнување на облеката преку половината; ремен, појас. Го истргна коланот од панталоните. На нивните колани висеа фишеци и бомби. Носи срмен колан.

2. Лента, кожена или од друг материјал, за придржување или за прицврстување на нешто. Колан од пушка. Колан од самар.

Множина: колани.

Изведени зборови:

  • коланче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стегање на коланот – принудно штедење, сиромаштија.

Оригинални податоци:

колан, мн. колани м. 1. Цврста лента, кожена, платнена или од друг материјал, што служи за стегнување на облеката преку половината; ремен, појас. Го истргна коланот од панталоните. На нивните колани висеа фишеци и бомби. Носи срмен колан. 2. Лента, кожена или од друг материјал, за придржување или за прицврстување на нешто. Колан од пушка. Колан од самар. ◊ Стегање на коланот – принудно штедење, сиромаштија. ‖ коланче, мн. коланчиња ср. дем.