колар
Значење на колар:
1. Занаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии. Коларот ми ја поправи чезата.
2. Лице што превезува патници или стока со кочија; кочијаш; пајтонџија. Коларот се трудеше да го запре коњот. Коларот ја потера кочијата на пат.
Множина: колари.
Оригинални податоци:
колар, мн. колари м. 1. Занаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии. Коларот ми ја поправи чезата. 2. Лице што превезува патници или стока со кочија; кочијаш; пајтонџија. Коларот се трудеше да го запре коњот. Коларот ја потера кочијата на пат.