коледар
Значење на коледар:
1. Лице (обично дете или момче) што ги посетува куќите на Коледе и пее песни за богат род, долг живот и здравје, за што добива дарови од домаќините. За неколку дни ќе излезат коледарите со шарени торби по куќите.
2. (прен.) Лице што многу шета.
Множина: коледари.
Изведени зборови:
- коледарка, и. ж.
- коледарче, и. ср. хип.
Оригинални податоци:
коледар, мн. коледари м. 1. Лице (обично дете или момче) што ги посетува куќите на Коледе и пее песни за богат род, долг живот и здравје, за што добива дарови од домаќините. За неколку дни ќе излезат коледарите со шарени торби по куќите. 2. (прен.) Лице што многу шета. ‖ коледарка, мн. коледарки ж. ‖ коледарче, мн. коледарчиња ср. хип.