колективизам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на колективизам:

1. Принцип на заемна помош и соработка на луѓето од еден колектив, преданост кон општите интереси. Во групата владееше дух на колективизам.

2. Општествено-економски систем во кој основните средства за производство се во заедничка, во општествена или државна сопственост.

Членувана форма: колективизмот.

Оригинални податоци:

колективизам, колективизмот (само едн.) м. 1. Принцип на заемна помош и соработка на луѓето од еден колектив, преданост кон општите интереси. Во групата владееше дух на колективизам. 2. Општествено-економски систем во кој основните средства за производство се во заедничка, во општествена или државна сопственост.