колено

Именка, среден род

Значење на колено:

1. (анат.) а) Зглоб на човечката нога што ги спојува бедрената и потколеничната коска; дел од ногата на кој се наоѓа зглобот; б) соодветен зглоб или дел од предна или задна нога на животно. Клекна на колена. Има убави колена. Ги раскрвави колената.

2. Дел од ногата над коленовиот зглоб. Детето седи врз колената на татко си. На колена му лежеше пушката.

3. Дел од облеката што го покрива тој дел од ногата на човекот. Ги искинал колената. Коленото му беше подзакрпено.

4. Спој кај цевки, ќунци и сл. Донеси едно колено да ја наместиме чешмата.

5. (бот.) Здебелениот дел на стебленцата на билките од каде што излегуваат листовите.

6. (прен.) Род, степен на сродство. Едвај ги познавам братучедите до трето колено.

7. (прен.) Поколение, генерација. Песната се пренесувала од колено на колено. Јуначко колено.

Множина: колена.

Изведени зборови:

  • коленце, и. ср. дем. и хип. од колено 1., 2., 3., 4. и 5.

Фразеолошки израз / поговорка:

Крв до колена – големо крвопролевање. Му (ми, ти...) заиграа колената – се уплаши. На колена ќе се влече, ама ќе го направи – не се откажува.

Оригинални податоци:

колено, мн. колена ср. 1. (анат.) а) Зглоб на човечката нога што ги спојува бедрената и потколеничната коска; дел од ногата на кој се наоѓа зглобот; б) соодветен зглоб или дел од предна или задна нога на животно. Клекна на колена. Има убави колена. Ги раскрвави колената. 2. Дел од ногата над коленовиот зглоб. Детето седи врз колената на татко си. На колена му лежеше пушката. 3. Дел од облеката што го покрива тој дел од ногата на човекот. Ги искинал колената. Коленото му беше подзакрпено. 4. Спој кај цевки, ќунци и сл. Донеси едно колено да ја наместиме чешмата. 5. (бот.) Здебелениот дел на стебленцата на билките од каде што излегуваат листовите. 6. (прен.) Род, степен на сродство. Едвај ги познавам братучедите до трето колено. 7. (прен.) Поколение, генерација. Песната се пренесувала од колено на колено. Јуначко колено. ◊ Крв до колена – големо крвопролевање. Му (ми, ти...) заиграа колената – се уплаши. На колена ќе се влече, ама ќе го направи – не се откажува. ‖ коленце, мн. коленца ср. дем. и хип. од колено 1., 2., 3., 4. и 5.