колеж
Значење на колеж:
1. Колење; коле.
2. (прен.) Масовно убивање (во војна и сл.). Грабеж и колеж настана за час. Ѕверски колежи извршија војниците. Да го запазиме добитокот од колеж.
Множина: колежи.
Фразеолошки израз / поговорка:
На нож и колеж се – во голема кавга се. На нож и колеж се крене – завојува.
Оригинални податоци:
колеж, мн. колежи м. 1. Колење; сп. коле. 2. (прен.) Масовно убивање (во војна и сл.). Грабеж и колеж настана за час. Ѕверски колежи извршија војниците. Да го запазиме добитокот од колеж. ◊ На нож и колеж се – во голема кавга се. На нож и колеж се крене – завојува.