колиба

Именка, женски род

Значење на колиба:

1. Привремено засолниште, куќичка од колци, трски или плитар, покриена со гранки, прачки, слама, лисја што се прави обично на планина, на лозје, во поле. Спиеше во сламената колиба на еден полјак. Презимија во овчарска колиба. Напуштена дрвена колиба.

2. (само мн.) Мало населено место од неколку куќи високо во планина. Ако стаса до колибите, ќе куртули од студот и од гладот.

3. (прен., разг.) Мало бедно живеалиште. На сред село, покрај големите куќи стоеше колибата на еден сиромав.

Множина: колиби.

Изведени зборови:

  • колибиште, и. ср. аугм. и пејор.
  • колипка, и. ж. мн. колипки и колипче, мн. колипчиња ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

колиба, мн. колиби ж. 1. Привремено засолниште, куќичка од колци, трски или плитар, покриена со гранки, прачки, слама, лисја што се прави обично на планина, на лозје, во поле. Спиеше во сламената колиба на еден полјак. Презимија во овчарска колиба. Напуштена дрвена колиба. 2. (само мн.) Мало населено место од неколку куќи високо во планина. Ако стаса до колибите, ќе куртули од студот и од гладот. 3. (прен., разг.) Мало бедно живеалиште. На сред село, покрај големите куќи стоеше колибата на еден сиромав. ‖ колипка, мн. колипки ж. и колипче, мн. колипчиња ср. дем. и хип. ‖ колибиште, мн. колибишта ср. аугм. и пејор.