колку

Прилог

Значење на колку:

1. Во која количина или број е. Колку го купи? Колку тежи? Колку е часот?

2. Во која степен е. Колу е добар? Колку високо лета! Колку го љубам!

3. Како, споредено, исто со. Тој е висок колку татко му. Крив е колку што е тежок.

4. Само, едвај. Јаде колку да преживее. Зготви колку за адет.

5. Во врска со, што се однесува до. Колку за работава, лесно. Колку за синот, не му се мешам.

6. Кога, штом, само што, тукушто. Колку го сретна пред порта, почна да го навредува.

7. Онолку, толку. Колку што ти душа сака.

Изведени зборови:

  • до колку, прил.
  • колку било,
  • колку-годе, прил. Макар малку, колку и да било. Секој колку-годе тагувал.
  • колку да е,
  • колку и да било,
  • колку и да е,
  • колку-толку, прил. сп. колку-годе. Се завиткаа со ќебето, колку-толку да се затоплат.
  • колку што, прил. Онолку, толку. Земи, колку што ти душа сака.
  • колку што,

Оригинални податоци:

колку; до колку; колку било, колку и да било; колку да е, колку и да е; колку што прил. 1. Во која количина или број е. Колку го купи? Колку тежи? Колку е часот? 2. Во која степен е. Колу е добар? Колку високо лета! Колку го љубам! 3. Како, споредено, исто со. Тој е висок колку татко му. Крив е колку што е тежок. 4. Само, едвај. Јаде колку да преживее. Зготви колку за адет. 5. Во врска со, што се однесува до. Колку за работава, лесно. Колку за синот, не му се мешам. 6. Кога, штом, само што, тукушто. Колку го сретна пред порта, почна да го навредува. 7. Онолку, толку. Колку што ти душа сака. ‖ колку-годе Макар малку, колку и да било. Секој колку-годе тагувал. ‖ колку-толку сп. колку-годе. Се завиткаа со ќебето, колку-толку да се затоплат. ‖ колку што Онолку, толку. Земи, колку што ти душа сака.