колку
Значење на колку:
1. Во односни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на количество, заедно со што. Тој ми даде пари колку што ми требаа. Ние работиме онолку колку што можеме. Таа изеде колку што можеше.
2. а) (нар. поез.) Со временско значење, во зависносложени реченици. штом. Колку фати да се мајтапи, ми заплака стара мајка. б) (разг.) Во зависносложена реченица како дел од зависната за да се навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците. Дојди до мене колку да не види народот заедно. Ја излези либе колку да ти видам бело лице.
Оригинални податоци:
колку сврз. 1. Во односни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на количество, заедно со што. Тој ми даде пари колку што ми требаа. Ние работиме онолку колку што можеме. Таа изеде колку што можеше. 2. а) (нар. поез.) Со временско значење, во зависносложени реченици. сп. штом. Колку фати да се мајтапи, ми заплака стара мајка. б) (разг.) Во зависносложена реченица како дел од зависната за да се навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците. Дојди до мене колку да не види народот заедно. Ја излези либе колку да ти видам бело лице.