колне
Значење на колне:
1. Гласно кажува зборови со кои посакува несреќа на некого. Аир да не види – колнеа жените.
2. Заколнува некого во нешто. Во сѐ те колнам, врати се, сине мој!
Конјугација: колнаа , колнав , колнал , колнат, колнат , колнеа , колнев , колнејќи , колнел , колнет , колнете , колни .
Изведени зборови:
- колнење, глаг. им. ср.
- се ~ колне, Уверува, убедува со заклетва во вистинитоста на нешто. Се колнам во честа дека ќе го чувам. Се колнеше дека ќе ја земе за жена. Се колнеше во своите претци дека не е грешник.
Оригинални податоци:
колне, колнат; колни, колнете; колнев, колнеа; колнел; колнет; колнејќи; колнав, колнаа; колнал; колнат несв. 1. Гласно кажува зборови со кои посакува несреќа на некого. Аир да не види – колнеа жените. 2. Заколнува некого во нешто. Во сѐ те колнам, врати се, сине мој! ● се ~ Уверува, убедува со заклетва во вистинитоста на нешто. Се колнам во честа дека ќе го чувам. Се колнеше дека ќе ја земе за жена. Се колнеше во своите претци дека не е грешник. ‖ глаг. им. колнење ср.