колона

Именка, женски род

Значење на колона:

1. (архит.) Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс.

2. Редица од луѓе, животни, предмети, автомобили што се движат еден по друг во долга истегната линија. Колоната дечиња застана. Автомобилска колона чекаше на границата.

3. (војн.) Поредок на војската во движење еден по друг на определено растојание.

4. Вертикален редослед на редови (во весник), на броеви, знаци, податоци итн. Речникот е пишуван во две колони. Пополнува податоци во одделни колони.

Множина: колони.

Изведени зборови:

  • колонка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Петта колона – организирана група луѓе што дејствуваат однатре во некоја држава, движење, партија во полза на непријателот.

Оригинални податоци:

колона, мн. колони ж. 1. (архит.) Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс. 2. Редица од луѓе, животни, предмети, автомобили што се движат еден по друг во долга истегната линија. Колоната дечиња застана. Автомобилска колона чекаше на границата. 3. (војн.) Поредок на војската во движење еден по друг на определено растојание. 4. Вертикален редослед на редови (во весник), на броеви, знаци, податоци итн. Речникот е пишуван во две колони. Пополнува податоци во одделни колони. ◊ Петта колона – организирана група луѓе што дејствуваат однатре во некоја држава, движење, партија во полза на непријателот. ‖ колонка, мн. колонки ж. дем.