колонија

Именка, женски род

Значење на колонија:

1. Земја без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава. Завојувачите ја направија оваа земја најсиромашна од сите колонии.

2. Група иселеници во туѓа држава што живеат заедно; иселеничка населба. Македонците преку океанот се населуваат во колонии.

3. Иселеници, или иселеничка населба во друга област на истата држава. Планинците се населија во полето и си направија своја колонија.

4. Заедница на луѓе што живеат заедно поради заедничка цел. Ликовна колонија. Рударска колонија. Железничка колонија.

5. (биол.) Животни, живи организми од ист вид здружени на едно место. Колонија корали. Колонија анемони. Колонија од пингвини.

6. (биол.) Заедница од поврзани микроорганизми. Секоја колонија бактерии потекнува од еден микроорганизам.

Множина: колонии.

Оригинални податоци:

колонија, мн. колонии ж. 1. Земја без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава. Завојувачите ја направија оваа земја најсиромашна од сите колонии. 2. Група иселеници во туѓа држава што живеат заедно; иселеничка населба. Македонците преку океанот се населуваат во колонии. 3. Иселеници, или иселеничка населба во друга област на истата држава. Планинците се населија во полето и си направија своја колонија. 4. Заедница на луѓе што живеат заедно поради заедничка цел. Ликовна колонија. Рударска колонија. Железничка колонија. 5. (биол.) Животни, живи организми од ист вид здружени на едно место. Колонија корали. Колонија анемони. Колонија од пингвини. 6. (биол.) Заедница од поврзани микроорганизми. Секоја колонија бактерии потекнува од еден микроорганизам.