колве

Глагол, несвршен

Значење на колве:

1. За птица. а) Зема, откинува со клунот. Гладните чавки колвеа по некое зрнце или трошка. Кокошките почнаа лакомо да колват жито. б) Удара, чука со клунот. Гавраните му ја колват главата.

2. (прен.) Постојано спомнува некому нешто едно и исто. Постојано ме колват дека сум куртулил од нож.

Коњугација: колваа , колвав , колвал , колван, колват , колвеа , колвев , колвејќи , колвел , колвете , колви .

Изведени зборови:

  • колвење, глаг. им. ср.
  • се ~ колве, За птици – се удараат со клун една со друга. Гулабите се колвеа на покривот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Два петла на едно гумно не колваат – двајца главни во една работа не може да има.

Оригинални податоци:

колве, колват; колви, колвете; колвев, колвеа; колвел; колвејќи; колвав, колваа; колвал; колван несв. 1. За птица. а) Зема, откинува со клунот. Гладните чавки колвеа по некое зрнце или трошка. Кокошките почнаа лакомо да колват жито. б) Удара, чука со клунот. Гавраните му ја колват главата. 2. (прен.) Постојано спомнува некому нешто едно и исто. Постојано ме колват дека сум куртулил од нож. ● се ~ За птици – се удараат со клун една со друга. Гулабите се колвеа на покривот. ◊ Два петла на едно гумно не колваат – двајца главни во една работа не може да има. ‖ глаг. им. колвење ср.