команда

Именка, женски род

Значење на команда:

1. Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука. Не пукај без команда. На команда сите тргнаа. Офицерот издаде команда.

2. Право на управување, надлежност. Ја зеде ергелата под своја команда.

3. а) Воено заповедништво, воена установа. Склучи договор со воената команда за лиферување добиток. б) Седиште на воено заповедништво, на воена установа.

4. (техн.) Систем од уреди за рачно или автоматско ракување, управување, водење. Команди на авион.

Множина: команди.

Оригинални податоци:

команда, мн. команди ж. 1. Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука. Не пукај без команда. На команда сите тргнаа. Офицерот издаде команда. 2. Право на управување, надлежност. Ја зеде ергелата под своја команда. 3. а) Воено заповедништво, воена установа. Склучи договор со воената команда за лиферување добиток. б) Седиште на воено заповедништво, на воена установа. 4. (техн.) Систем од уреди за рачно или автоматско ракување, управување, водење. Команди на авион.