комедијант
Значење на комедијант:
1. Актер што игра комични ролји. Патувачки комедијанти.
2. (пејор.) Човек што се држи неприродно, што со своето однесување е за смеа, за подбив. Тоа што го зборува овој комедијант е лага! – викна силно.
Множина: комедијанти.
Изведени зборови:
- комедијантка, и. ж.
- комедијантски, прид. комедијантскиот
Оригинални податоци:
комедијант, мн. комедијанти м. 1. Актер што игра комични ролји. Патувачки комедијанти. 2. (пејор.) Човек што се држи неприродно, што со своето однесување е за смеа, за подбив. Тоа што го зборува овој комедијант е лага! – викна силно. ‖ комедијантка, мн. комедијантки ж. ‖ комедијантски, комедијантскиот прид.