комерцијален
Значење на комерцијален:
1. Што е поврзан, што се однесува на комерција, трговија. Комерцијален директор.
2. Што е корисен, поволен од гледиште на тргувањето, што може да донесе добивка.
3. (прен.) Што е пресметан да донесе добивка, а е без други квалитети (естетски, уметнички). Комерцијална музика.
Членувана форма: комерцијалниот.
Оригинални податоци:
комерцијален, комерцијалниот прид. 1. Што е поврзан, што се однесува на комерција, трговија. Комерцијален директор. 2. Што е корисен, поволен од гледиште на тргувањето, што може да донесе добивка. 3. (прен.) Што е пресметан да донесе добивка, а е без други квалитети (естетски, уметнички). Комерцијална музика.