комитет

Именка, машки род

Значење на комитет:

1. Избрано раководно тело на партија. Централен комитет. Општински комитет.

2. Одбор во различни организации, институции, заедници. Комитет за фискултура. Национален комитет за награди и признанија.

3. (истор.) Обласно, реонско раководство на македонското национално движење против османлиската власт. Не бегам, брате, не го срамам комитетот. Тајниот македонски комитет не се откажуваше од идејата за слобода.

Множина: комитети.

Изведени зборови:

  • комитетски, прид. комитетскиот Што припаѓа, што се однесува на комитет.

Оригинални податоци:

комитет, мн. комитети м. 1. Избрано раководно тело на партија. Централен комитет. Општински комитет. 2. Одбор во различни организации, институции, заедници. Комитет за фискултура. Национален комитет за награди и признанија. 3. (истор.) Обласно, реонско раководство на македонското национално движење против османлиската власт. Не бегам, брате, не го срамам комитетот. Тајниот македонски комитет не се откажуваше од идејата за слобода. ‖ комитетски, комитетскиот прид. Што припаѓа, што се однесува на комитет.