комора

Именка, женски род

Значење на комора:

1. Соба, сопче, просторија.

2. Установа што ги застапува интересите на една дејност или сталеж. Лекарска комора. Стопанска комора. Адвокатска комора.

3. (анат.) Во срце, мозок и др. – дупка, шуплина во органот.

4. (војн.) Посебна единица со превозни средства што ги снабдува борбените групи со храна, облека и муниција. Имавме комора од неколку коњи што носеа храна.

Множина: комори.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мрачна комора – 1. Замрачена просторија за развивање на фотографски филм. 2. Внатрешниот дел од фотографскиот апарат во кој се става фотографска плоча. Гасна комора – (истор.) Просторија со вградени уреди за гас во која фашистите задушувале луѓе во концентрационите логори за време на Втората светска војна.

Оригинални податоци:

комора, мн. комори ж. 1. Соба, сопче, просторија. 2. Установа што ги застапува интересите на една дејност или сталеж. Лекарска комора. Стопанска комора. Адвокатска комора. 3. (анат.) Во срце, мозок и др. – дупка, шуплина во органот. 4. (војн.) Посебна единица со превозни средства што ги снабдува борбените групи со храна, облека и муниција. Имавме комора од неколку коњи што носеа храна. ◊ Мрачна комора – 1. Замрачена просторија за развивање на фотографски филм. 2. Внатрешниот дел од фотографскиот апарат во кој се става фотографска плоча. Гасна комора – (истор.) Просторија со вградени уреди за гас во која фашистите задушувале луѓе во концентрационите логори за време на Втората светска војна.