компанија

Именка, женски род

Значење на компанија:

1. Големо друштво на сродни услужни, трговски или индустриски фирми за заедничка дејност. Воздухопловна компанија.

2. (разг.) Група луѓе што заедно го поминуваат времето или се меѓусебно поврзани; друштво. Јас со компанијата свирев по свадби.

Множина: компании.

Изведени зборови:

  • компаниичка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

компанија, мн. компании ж. 1. Големо друштво на сродни услужни, трговски или индустриски фирми за заедничка дејност. Воздухопловна компанија. 2. (разг.) Група луѓе што заедно го поминуваат времето или се меѓусебно поврзани; друштво. Јас со компанијата свирев по свадби. ‖ компаниичка, мн. компаниички ж. дем.