компаративен

Придавка

Значење на компаративен:

Што се засновува врз компарирање; споредбен. Компаративна граматика. Компаративно проучување.

Членувана форма: компаративниот.

Изведени зборови:

  • компаративно, прил. Објаснувањето го врши компаративно.

Фразеолошки израз / поговорка:

Компаративна предност (обично во мн.) ‒ Предност во производството на одредени врсти на производи во две производни единици или во две економии.

Оригинални податоци:

компаративен, компаративниот прид. Што се засновува врз компарирање; споредбен. Компаративна граматика. Компаративно проучување. ◊ Компаративна предност (обично во мн.) ‒ Предност во производството на одредени врсти на производи во две производни единици или во две економии. ‖ компаративно прил. Објаснувањето го врши компаративно.