компир

Именка, машки род

Значење на компир:

1. а) Едногодишно градинарско растение што образува плодови во земјата во форма на грутки, богати со скроб; Solanum teborosum. Ја насади леата со компири. Отидоа да ги копаат компирите. б) Самите плодови што се користат за храна. Печени компири. Салата од компири. Лупи компири.

2. Подземен орган на растение, најчесто украсно што личи на компир, што има форма на компир.

3. (прен., разг.) Прст од ногата што излегува од скинат чорап.

4. (разг.) Најслаба оценка за нешто. Доби компир.

5. (жарг.) Глупак, малоумен човек. Со оној компирон се дружиш?

Множина: компири.

Изведени зборови:

  • компирче, и. ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

компир, мн. компири м. 1. а) Едногодишно градинарско растение што образува плодови во земјата во форма на грутки, богати со скроб; Solanum teborosum. Ја насади леата со компири. Отидоа да ги копаат компирите. б) Самите плодови што се користат за храна. Печени компири. Салата од компири. Лупи компири. 2. Подземен орган на растение, најчесто украсно што личи на компир, што има форма на компир. 3. (прен., разг.) Прст од ногата што излегува од скинат чорап. 4. (разг.) Најслаба оценка за нешто. Доби компир. 5. (жарг.) Глупак, малоумен човек. Со оној компирон се дружиш? ‖ компирче, мн. компирчиња ср. дем. и хип.