компонира
Значење на компонира:
1. Создаде, создава музичко дело; напише, пишува композиција. Компониравме нов марш. Компонираат музика врз негови текстови.
2. Состави, составува, спои, спојува делови и елементи во целина. Авторот внимавал кога ја компонирал книгата. Начинот на компонирањето на сликите е авангарден.
Конјугација: компонираат , компонирајќи.
Изведени зборови:
- компонирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
компонира, компонираат; компонирајќи св. и несв. 1. Создаде, создава музичко дело; напише, пишува композиција. Компониравме нов марш. Компонираат музика врз негови текстови. 2. Состави, составува, спои, спојува делови и елементи во целина. Авторот внимавал кога ја компонирал книгата. Начинот на компонирањето на сликите е авангарден. ‖ глаг. им. компонирање ср.